Првите фитнес уреди во светот биле измислени од страна на д-р Густав Зандер во 1892 година.
Излегува дека фитнесот е дел од секојдневието на луѓето не само денес, туку и во далечното минато, а црно-белите фотографии на првите направи за спорт го докажуваат тоа. На нив гледаме како секој објект е создаден за да тренира различен дел од човечкото тело (онака како што тренираме и денес).
Д-р Зандер бил шведски терапевт и ортопед, кој што ја открил врската помеѓу физичките вежби и здравјето.
Густав е роден во 1835 година, а во 60-тите години веќе го пренесува своето знаење на помладите во медицинското училиште. Според Зандер мускулната маса во организмот треба да се акумулира бавно и со користење на вежбите кои луѓето ги правеле со векови.
Всушност најстариот фитнес апарат се нарекува “гимнастикон” и бил измислен во 1796 година. Неколку децении подоцна Зандер се справува со поедноставувањето на апаратот и го прави уште попрактичен.
Фитнес апаратите биле наменети за богатиот дел од населението на Шведска. Во 20-тите години на XX век пронајдоците на д-р Густав Зандер веќе биле широко распространети во САД.
Во 70-тите години Артур Џонс ги измислува машините “Nautilus” кои ги напрегнуваат мускулите повеќе отколку уредите на Густав Зандер. Денес тие се едни од најдобрите апарати за тренинг и постепено ги фрлаат во минатото пронајдоците на д-р Зандер.
Фотографиите од 1892 година, во моментов се чуваат во Националниот Музеј на науката и технологијата во Стокхолм.