Огромна лавина затрупа село во Франција пред неколку дена, а една туристка стоејќи на безбедно место успеа да ја сними катастрофата.
Населениот премин се наоѓа во француските Алпи каде што речиси две недели времето е лошо, поради обилните снегови и силните ветришта.
Временските услови често провоцираат пад на големи снежни маси, како што се случува на видеото во кое може да се види голема лавина додека се спушта на неколку десетици метри од планината и го покрива населеното место за помалку од една минута.
Иако изгледа како катастрофа од огромни размери, лавината само ги прекрива куќите и улиците со дебел снег, не предизвикувајќи поголема штета. Тоа значи дека никој од жителите на селото не е повреден, а нивните куќи остануваат во добра состојба.