Сеедно им е кон што ќе завиваат. Всушност волците не завиваат поради месечината.
Завивањето е најважната форма на комуникација и социјално однесување на овие предатори. Додека волкот завива извршува неколку цели одеднаш: ја одржува кохезијата на глутницата, помага за координирање на нејзините активности, ги потврдува “правата за сопственост” на глутницата, пренесува пораки за освоениот плен и други важни сведоштва.
Може да се каже дека во животот на волците завивањето ја игра приближно истата улога што во старите армии ја играле рогот, барабанот и боречките извици.
Замислата дека волците завиваат кон месечината најверојатно се создала поради неколку причини.
Прво, завивајќи волкот ја крева муцката и со тоа обезбедува рамномерно ширење на звукот на сите страни и им помага на другите членови на глутницата да ја одредат локацијата на неговиот извор. Второ, волците завиваат најчесто ноќе, затоа што се активни во тоа време од деноноќието.
Всушност нив не ги интересира дали има месечина на небото: Волчјото завивање се случува и на млада месечина, и во мрачни ноќи, а понекогаш и во текот на денот. Сепак кога нема многу ветер, волчјиот глас надалеку се слуша, па затоа истото се поврзува со месечината. Уште еден фактор на кој и ја должиме оваа заблуда е и телевизијата.