Без огромни суми во благајните, но со четири номинации на Оскарите

Номинациите за “Оскар” беа објавени минатата недела и најголемо изненадување е присуството на “Соба” (Room) во цели четири категории.

Нискобуџетната ирско-канадска драма ќе се бори за адаптирано сценарио на Ема Донахју (автор и на истоимената книга), за главна улога со Бри Ларсон, за режија со Лени Абрахамсон, како и за најдобар филм.

maxresdefault

Номинациите се особено добра вест за “Соба”, бидејќи благодарение на нив популарноста на филмот ударно ќе се зголеми и ќе има шанса да заработи посериозни пари.

Станува збор за продукција, која се претставува скромно во бокс-офисите до моментов, иако има заработено награди на фестивалите низ цела Америка.

“Соба” ја раскажува приказната за 5-годишниот Џек (Џејкоб Тремблеј) и неговата мајка (Бри Ларсон), кои во текот на неколку години се чуваат во заробеништво во соба со димензии 3 х 3 метри. За Џек, просторот е целиот свет, таму каде што е роден, каде што тој и неговата мајка јадат, спијат, играат и учат.

Но, додека за Џек собата е дом, за неа е затвор. Со силна љубов кон својот син, таа успева да му создаде слика за нивниот мал простор прилагоден врз неговата фантазија која нема граници. Но, додека љубопитноста на Џек расте заедно со очајот на мајката, таа сфаќа дека Собата не може да ги задржи вечно.

room-movie-2015-jacob-temblay-brie-larson

Од 1989 година не се случило некој наслов да заработи толку малку во кино салите, а сепак да се бори за најдобар филм на “Оскарите”.

Room исто така е распространет на неочекувано малку места. Врвот го достигна до едвај 198 кино сали во САД и е далеку од критериумот за широка дистрибуција, за она што се смета достигнување до 600 и повеќе кина.

Овие бројки, меѓутоа во никој случај не се критика кон филмот или кон продуцентската компанија A24, туку укажуваат каква необична чест е за “Соба” да добие четири номинации.

room-1024

Сепак вниманието на Академијата не може да се смета за изненадување, бидејќи овој филм веќе освои над 50 награди – вклучувајќи “Златен глобус” за најдобра женска улога на Бри Ларсон и наградите на публиката во Торонто и Варшава.

Тој е само уште еден случај кој во благајните зборува за проширување на јазот помеѓу филмовите кои се најнаградувани и оние кои забележуваат најголема заработувачка.

Ви препорачуваме да го изгледате и да уживате. Ве советуваме да не читате плот на IMDB и да не го гледате трејлерот затоа што содржат мрсно спојлерче.

 

- Реклама -