И додека денешните спортисти ги користат сите дозволени и недозволени начини да ги подобрат своите перформанси, спортистите од минатото баш и не се потресувале којзнае колку за тоа дали ќе му наштетат на својот атлетицизам.
Тие немале проблеми да го комбинираат спортот со уживање, па знаеле да косумираат и цигари, шампањ, антибиотици, а понекогаш и сето тоа заедно.
Доказ е оваа фотографија од најпознатата трка во велосипедизмот – Тур Д’ Франс, направена во 1920-тата година. Не само што можеме да се увериме колку опуштен однос имале велосипедистите, во случајов Верваке и Гелдхол, кон победувањето и кон самиот спорт, туку очигледна е и интензивната трансформација на заштитната опрема, во споредба со онаа денес. Така, на пример, велосипедската кацига не била измислена сé до 1970-тата.