На осми јануари рано наутро, Хоакин „Ел Чапо“ Гусман се најде под опсада на мексиканските маринци во која пет лица ги загубија своите животи.
Ел Чапо се криел во куќа во Лос Мочис во државата Синалоа, опкружен од своите телохранители во моментот кога започна рацијата. Гусман, познат по својата наклонетост за тунели, избегал за тоа време преку прозорецот зад огледалото во соблекувалната во приземјето на куќата право во градскиот водоводен систем.
Неколку часа подоцна, откако повторно се појавил на површината, украл автомобил и се обиде да избега од градот. Ел Чапо сепак е уапсен. Господарот на дрогата е уапсен од страна на силите на државната безбедност и приведен е во еден луксузен мотел додека пристигне засилувањето.
Ел Чапо Гусман се скрил во Хикилплан булеварот број 1002 кој се надоврзува на населбата Лас Палмас во Лос Мочис. Мајката на сегашниот гувернер на државата Синалоа живее во овој крај. Во куќата во која е убиен еден од членовите на Гусмановите поданици, на подот се` уште има крв.
На креветот имаше уредно нареден ДВД пакет од ТВ новелите на „Кралицата на југот“. Во серијата глуми мексиканската ѕвезда Кејт дел Кастиљ, за која се шпекулираше дека се договара со Ел Чапо за негово учество во филмот посветен на него и која наводно го договорила неговото интервју со Шон Пен.
Ова огледало во соблекувалната на приземјето, ја крие патеката што ја користел Ел Чапо за своето бегство.
Скалите зад огледалото водат до тунелот кој е поврзан со градскиот водовод и канализација. Преминот е конструиран на сличен начин како оној низ кој Ел Чапо избегал во 2014 година во друга операција на маринците од Кулиакан.
Чапо Гусман стана познат по своите тунели кои ги користел за да избега од затвор, но и за да шверцува дрога преку граница, во Соединетите Американски Држави.
Луксузниот мотел, The Doux, се наоѓа во индустриската зона околу четири милји од куќата во која се криел нарко босот. Чапо Гусман е одведен во мотелот по апсењето и таму се чекало засилувањето. Љубопитните граѓани го гледале и фотографирале апсењето.