Роналдо, ама вистинскиот!

Вајс вели дека вистинско интервју е она со Роналдо вистинскиот. Значи не со Кристијано, ниту пак со Роналдињо, туку Роналдо Луиз Назарио де Лима, кого најчесто го викаат со едно име, ко Шер на пример!

Фрлам поглед накај телохранителот и дискретно го пречкртувам прашањето за фризурата на Светското 2002 во Јапан и Кореја.

Го начекале во Бахами на ПокерСтарс турнир. Да се разбереме, не станува збор за позерај со еден куп чипови пред него, како останатите „ѕвезди“. Дечкото е сериозно навлечен на покер, а плус податок е дека на минатиот „PCA“ турнир завршил на 26 место. Но, сепак, во споредба со фудбалското искуство, може да се каже дека во покерот е сè уште почетник.

Роналдо професионално почнува да игра фудбал на 16 години и прв пат за Бразил настапува на Светското 1994 во Америка.Човекот познат под прекарот Ил Фенолмено одиграл 98 натпревари во дресот на репрезентацијата и постигнал 62 гола.

Дали противниците на масата се плашат кога играат со вас?

Еххх, се надевам дека е така… но тука сè зависи од картата и стратегијата, нема врска тоа што сум позната личност. Минатата година еден играч се сликал и случајно ме фатил во кадарот. Ја ставил сликата на Твитер и сите почнале да ме коментираат мене. Тој збунето прашал, а кој е ликот на сликава што јас не го знам? Зошто сите зборувате за него? Не ме знае баш секој.

Има ли од оние, е сега ќе го истапирам Роналдо?

Да има и такви. Кога сум во акција на масата, некогаш имам чувство дека противниците сакаат да платат буквално сè, само за да ми ги видат картите на крајот. Некои од нив живеат за моментот, го победив Роналдо.

Како се прешалтавте од фудбал во покер?

Веќе долго време играм покер, но пред 3 години и се приклучив на екипата на ПокерСтарс, па почнав да учам и да читам книги за покерот. Од тогаш играм сериозно. Дури посетував и часови со цел да се усовршам. Мислам дека успеав во тоа.

Како би го споредиле начинот на размислување на теренот и на масата, каде е пожешка конкуренцијата?

Јас сум многу компетитивен, но не мислам дека нешто од фудбалот пренесов во покерот. Во фудбалот секогаш бев смирен кога нешто треба да се реши, да се постигне гол. Бев опуштен во таквите ситуации. Тука ја немам истата самодоверба. Морам добро да размислам за секоја одлука.

ronaldo1

Какво е чувството, транзицијата од состојбата во која си потполно самоуверен до онаа во која баш и не си?

Не е лесно да се биде почетник. Еве, минатата година бев 26ти на табелата. Оваа година ќе пробам да го подобрам скорот.

Што велат другите? Како му оди покерот на Роналдо?

Не знам, никогаш не сум ги прашал. Но, сметам дека помалку почнуваат да се плашат, бидејќи јас секогаш одам на победа. Не сум некој стратешки играч, покерот го играм од забава, па тоа може да ги поремети другите играчи.

Кога ќе земеш добар пот, дали адреналинот работи слично како кога ќе дадеш добар гол?

Па, речиси е исто. Кога ќе ми поделат кец, сегогаш имаш „Уххххх“, секоја рака е како да шутираш пенал. Во фудбалот шутираш пенал и имаш само голман пред тебе, најчесто даваш гол, не секогаш! Така е и на масата, кога добиваш добра рака, мораш добро да ја одиграш.

Слушам дека денес Бразилците се луди по покер како и по фудбал?

Така е и баш ми е мило. Пред месец дена учествував на турнир во Бразил. Имаше рекорден број играчи, повеќе од 16.000 поделени на 32 турнира.

Да се вратиме на фудбалот. Кои тимови сакаш да ги гледаш во последно време?

Барса, Баерн… навивам за Реал, таму играв 5 години и го сакам градот. Во моментов не се баш нај нај, мислам дека Зидан ќе ги крене.

ronaldo2

Што му е потребно на Бразил за повторно да се најде на врвот?

Многу работи треба да се променат. Сè што е поврзано со корупцијата треба да се искорени.Бразил од секогаш имал квалитетни деца. Имено, на секое дете во Бразил му е животен сон да стане фудбалер и да го носи дресот на репрезентацијата. Мене тој сон ми се оствари. Истото им го пожелувам и на младите, Нејмар и останатите.

Дали чувствуваше трема пред големите натпреварувања? Пример финалето 98′?

Никогаш

Која е твојата животна филозофија? Какво искустви извлече од фудбалот и покерот?

Секогаш се трудам да бидам што е можно подобар. Што и да правам, давам сè од себе!

Рече дека има шанси да му се вратиш на фудбалот?

Да, им ветив на Fort Lauderdale Strikers од NASL дека ако се пласираат во плеј оф ќе заиграм за нив. Но, многу е тешко да му се вратиш на фудбалот кога ја имаш мојава килажа. Повеќе ми лежи покер, тука не е битно колку кила имаш.

Ronaldo-Brazil-Selecao-Jump-Fat

Вајс

- Реклама -