Мустанг – крик за потребата од слобода

Заедно со унгарскиот Son of Saul, турскиот Mustang e голем фаворит за Оскар во категоријата филмови од странско говорно подрачје.

Филмот на Дениз Гамзе Ергувен веќе се закити со 20 награди низ светот, па златната статуетка од Академијата би дошла како заслужен “шлаг на тортата”.

1448377131858

Mustang е уште еден крик за потребата од слобода и уметнички израз за да се каже дека е време да излеземе од стегите на патријахалното воспитување кое од нас прави робови на замислени граници.

Филмот раскажува приказна за пет сестри кои живеат на турското крајбрежје до големиот град Трабзон. Главната хероина е Лале. Таа е најмала меѓу сестрите, но со најголем дух, потреба од независност, праведност и бунтовност.

Прочитајте и:  Наградуваната книга „Слобода“ од Леа Ипи објавена и на македонски јазик

На последниот училишен ден девојчињата си играат со група момчиња на патот кон дома, но иако се работи само за невина забава оваа случка ќе им го промени целиот живот. Случајно ги здогледува соседката која загрижена ја раскажува “бесрамната игра” кај нивната баба која пак исплашена дека девојчињата ќе бидат обесчестени решава да ги омажи една по една…

hero_Mustang-2015

Вакви филмови ни се потребни. Социјалните драми вршат важна улога како коректив и алармираат за длабоките проблеми кои навистина постојат околу нас.

- Реклама -