Приказна што кружи на интернет зборува за еден антрополог кој им предложил игра на децата од едно племе во Јужна Африка. Имено, тој ставил корпа полна со овошје покрај едно дрво и им рекол на децата дека оној кој прв ќе дотрча до корпата ќе го освои овошјето.
Децата ја прифатиле играта. Меѓутоа, кога им дал знак да започнат да трчаат, сите деца се фатиле за раце и трчале заедно, а потоа седнале околу корпата и заедно уживале во овошјето.
Кога изненадениот антрополог ги прашал зошто трчале заедно кога еден од нив можел да победи и самиот да го освои сето овошје, тие му одговориле:
„Како еден од нас може да биде среќен, ако останатите се тажни?“