Од појавувањето на Gmail video chat во 2008 сервисот овозможува директно, лично комуницирање. Сега Google најавува помодерна технологија за видео повици – Google+ Hangouts.
За разлика од стариот сервис, кој беше базиран на peer-to-peer технологија, Hangouts ќе ја користи моќта на мрежата на Google за да овозможи посигурна врска и подобар квалитет. Сега повторно ќе можете да разговарате со сите луѓе со кои разговаравте и претходно, но преку Hangouts ќе можете да контактирате со нив не само преку Gmail туку и преку Google+ и Android или iOS направи.
{youtube}Ra8HG6MkOXY{/youtube}