Арон Ремзи даде уште еден гол, Алан Рикман е новата „жртва“

aaron-ramsey-arsenal_3366445-620x380[1]

Фудбалерот на Арсенал вчера постигна уште еден гол, против Ливерпул, и ете, денес уште една ѕвезда замина од светов.

Се работи за актерот Алан Рикман, препознатлив за глобалната публика како негативецот Ханс Грубер во „Умри машки“, и пред сé, како професор Северус Снејп – главниот антагонист во „Хари Потер“. Тој ја изгуби битката со ракот и почина на 69-годишна возраст.

Alan%20Rickman%20mi%209[1]

Рикман е вистински миленик на британската публика, а заради наведените, но и неколку други улоги, тој е познат и како дежурен „лошко“ во Холивуд. Подеднакво е значаен како за филмската, така и за театарската сцена.

Добитник е на „Златен Глобус“, „Бафта“, „Еми“ и два пати беше номиниран за наградата „Тони“.

Severus-Snape[1]

Што се однесува до Ремзи, не тврдиме дека е директно виновен, ама клетвата на фудбалерот на Арсенал продолжува. Да беше само смртта на Дејвид Боуви, пред два дена, ај некако ќе пројдеше. Ама проклетството на Ремзи трае уште од 2011-та година.

Ремзи почна да погодува, а починаа прво Осама Бин Ладен, па Муамер Гадафи, основачот на “Ејпл” – Стив Џобс, а потоа и пејачката Витни Хјустон. Во 2013 година му даде гол на Виган, а 24 часа подоцна умре водачот на аргентинската воена хунта, Хорхе Видела. Истата година Ремзи погоди против Кардиф, баш кога во сообраќајна несреќа настрада актерот Пол Вокер. На 11 август 2015 година му даде гол на Сити, а утредента актерот Робин Вилијамс изврши самоубиство.

Никој не може да знае кој ќе биде следен, ама ако Ремзи продолжи вака, нема да останат многу.

- Реклама -