Нашата омилена серија “Пријатели” се враќа на екраните, а причината за тоа е јубилејна епизода, режирана од Џејмс Бароус, во времетраење од два часа.
Иако мислевме дека никогаш повеќе нема да се случи, со сета радост споделуваме дека повторно ќе ги видиме заедно Моника, Рејчел, Фиби, Рос, Џои и Чендлер.
Актерите Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиза Кјудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери ќе се соберат на сетот 11 години откако беше емитувана последната епизода на серијата што се смета за најдоброто комично шоу на сите времиња.
Јубилејната 2-часовна епизода на “Пријатели” ќе биде емитувана на 21 февруари, на телевизијата NBC.
Џејмс Бароус е меѓу најголемите имиња во американската телевизија. Останува да го почекаме февруари и да се надеваме дека ќе проследиме уште една одлична епизода во нивни стил.