Клоп,Венгер,изјави,голови…

По неверојатниот натпревар помеѓу екипите на Ливерпул и Арсенал кој синоќа се одигра на „Енфилд Роуд“ и се постигнаа шест голови, двајцата тренери имаа што да кажат и по натпреварот.

Двајцата се обратија во свој стил.

Клоп се надеваше на победа, па со оглед и на позицијата на табелата, победа на домашен терен против Арсенал може да се каже дека беше и императив. Како се движеа работите на натправрот сфати дека може и да го загубат мечот, па на крајот и со нерешено се задоволни.

„Примивме два ефтини гола, едниот од нив беше сомнителен, но убеден сум дека не беше офсајд, а кога не е офсајд во петерецот, тогаш нешто не штима со нашата одбрана“.

Изјавата на Јирген Клоп

„Иако имавме прилично лош почеток, по 20 минути се вративме во игра, На крајот можеме да жалиме што натпреварот заврши нерешено, бидејќи имавме и восдство од 3-2. Можевме да одиграме далеку подобро во последните минути од мечот“.

Изјавата на Арсен Венгер

Хајлајтс

Во текот на мечот имаше и мала дискусија покрај аут линијата помеѓу двата тренера. По мечот, Венгер изјави дека му рекол на Клоп да ги смири страстите бидејќи може да заврши на трибината.

- Реклама -