Euro NCAP ја објави годишната рејтинг листа на најдобрите во одделните категории, кои со одлични оценки поминаа низ тешките краштестови на асоцијацијата во изминатите 12 месеци.
Рангирање на Euro NCAP се одликува со најдобрите понуди во одделни категории, каде се земаат во предвид резултатите на автомобилите во четирите тест програми – за заштита на патниците, заштита на децата, пешаците и употреба на системи за поддршка.
Во одделните категории, наградените автомобили се:
Големи офроуд модели – Volvo XC90
Мали офроуд модели – Mercedes-Benz GLC
Големи семејни модели – Jaguar XE
Мали семејни модели – Infiniti Q30
Супермини – Honda Jazz
Големи мултифункционални модели – Ford Galaxy
Мали мултифункционални модели – VW Touran