Црква за жени

The-new-shape-has-shocked-onlookers-634211[1]

Тајван тукушто изгради модерна црква со уникатен дизајн. „Зошто па да не? 21 век е!“, ќе рече просечниот глупак користејќи го најлошиот аргумент во историјата на аргументите, а кој скоро секогаш се користи во насока да ги оправда најголемите глупости.

Еве зошто. Црквата е изградена со цел да привлече повеќе женски верници… и е во форма на штикла… зашто кога си на штикли најбрзо чекориш кон Бога? Кој ќе знае…

Сеедно, Тајванци ја градеа црквата цели два месеца. Целата е направена од сино, затемнето стакло, и е висока 16 и пол метри. Некои ја споредуваат со стаклената чевличка на Света Пепелашка.

Но, тоа не е сé. Во црквата ќе има и други 100 дополнителни особености (читај: стереотипи) привлечни за женскиот пол. Веќе се слуша тропотот на штиклите на новопечените вернички, таман за да стигнат на отварањето на 8-ми февруари.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

- Реклама -