Математичарите развија формула за сечење на пицата на совршено еднакви делови, а притоа да бидат задоволени и оние кои ја сакаат сочната средина.
За Џоел Хедли и Стивен Ворсли, математичари од Универзитетот во Ливерпул, пицата е сериозна работа, со која не смееме да се зафркаваме.
Во текст, објавен во магазинот “New Scientist”, тие предлагаат неколку начини за сечење на пица, со кои секое парче ќе добие еднаква големина.
Математичкиот принцип е прилично едноставен: пицата треба да се сече по закривени геометриски фигури со непарен број страни.
Секоја од тие фигури потоа може да се исече на два дела, а секој дел на два нови дела, и така со ред.
Повеќе на темата, прочитајте ТУКА.