Затоа сум сама

28axH4q

Беше тоа една од оние добри вечери, кога ќе се соберат неколку друштва на сепариња во парк, се пие пиво и се смееш до сабајле.

Еден од момците, таков, од оние “Менада” фраери што ги запознавме вечерта растури со добри шеги, па ние жените што бевме сингл почнавме да се собираме околу него како женки пред парење, да се смееме гласно и да се обидуваме да го импресионираме на секој можен начин.

Такви издрогирани од неговата појава што дојде како вистинско освежување заглавивме до четири сабајле. Се израдував како мало дете кога ми рече дека тој ќе ме префрли со кола затоа што сме во исти правец. Уште повеќе се израдував кога видов дека почна да флертува со мене.

„Супер лик си“, ми рече. „На место ти се муабетите и убава си, би излегле пак ако сакаш“.

Уф колку само сакам, си помислив. Него му реков „може, еве ти бројче“.

И така за само неколку секунди, дечкото тотално ја оплеска.

„Немаш дечко, нели“? -„Не“, му реков.

„Што ти фали“?, ме праша.

Му дадов долг и продорен поглед ко во индиска серија, затоа што не ми се веруваше дека по трет пат некој ми го поставува ова прашање.

Му реков „Е затоа сум сама“, и никогаш не се слушнавме.

Вистинска скопска на комшиката од маало

- Реклама -