Идеет! Вевчани слави Василица!

Периодот од 7 јануари, Божиќ, па сè до 19 јануари, Богојавление – Водици меѓу народот е познат како некрстени денови. Тогаш по земјата шетаат духови, лоши сили и демони – караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера.

Во овие дванаесет некрстени дни луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара Нова година), а и речиси во сите останати денови до Водици. Се меша паганското со светото, народните обичаи со религиозните. Маскираните се познати како џоломари,бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… Игрите под маски,низ повеќе села и градови, се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони.

Едно од нив е и славно Вевчани.

Ритуал стар 1400 години. Зетот, невестата (симбол на плодноста), двата ѓавола и двајцата глупи августи (побратимите), сватовите – василичари и музичарите (зурли и тапани) се централните традиционални маски.

Погледнете што таму забележа минатата година екипата на Би-Би-Си во нивната куса репортажа

http://www.bbc.co.uk/programmes/p02hhfjv

1522137_221739878008371_756800640_n CYTwBnoU0AAadsN main_1200 Vevcani-Carnival-04 Vevcani-Carnival-06 Vevcani-Carnival-10 Vevcani-Carnival-11 vv2 VV3

- Реклама -