“Самоубиствената шума” e пострашна од хорор филм

Локалните велат дека три типа на луѓе минуваат оттука: туристи, случајни минувачи и такви кои не планираат да се вратат.

Постојат знаци насекаде кои ги предупредуваат посетителите да размислуваат. Шумските чувари скитаат по патеките и му кажуваат на секој што ќе го сретнат, да се врати. Напуштени автомобили, преполни паркинзи, чевли и облека можат да се видат по патеките.

Тоа е морето од дрвја – Аокигахара, самоубиствената шума во подножјето на планината Фиџи, Јапонија.

618x412

Може и да сте слушнале за оваа шума на самоубијците во последно време – бидејќи токму тука се снима нов хорор филм насловен “Шумата”, што наскоро го очекува глобална проекција.

Вистинската самоубиствена шума сепак е доволно застрашувачка и сама по себе.

Таа е главна дестинација за смртта за Јапонците на возраст помеѓу 20 и 44 години, а од неодамна, оваа епидемија на самоубиства се рашири и меѓу тинејџерите. За постарите тоа исто така е проблем, бидејќи јапонските животни осигурувања (во повеќето случаи) се исплаќаат дури и тогаш кога смртта е предизвикана од самоубиство.

Речиси и не постои некој дел од јапонското општество, каде нема контакт со самоубиства, а едно од најпопуларните места каде што тие го прават тоа е точно шумата Аокигахара.

Од 1971-ва властите откриле над 100 тела на самоубијци во шумата, што ја прави второ место по популарност за ставање крај на животот во светот, по мостот “Голден Гејт”. Клучно е да се спомене дека тоа се само телата пронајдени на нејзината територија од 35 кв.км.

Во 2014, околу 25 000 Јапонци, претежно мажи, се самоубиле во страшната шума

Нивниот број порасна во однос на претходните години. Изолацијата од современото општество и финансискиот неуспех се најчестите причини за ваквиот избор. Според Guardian во многу случаи самоубиството во Јапонија се смета за достоен начин да го избегнеш срамот на неуспехот.

“Јапонците не сметаат дека самоубиството е нешто што не е во ред, и тоа станува дел од естетиката и усвоеното однесување”, коментира психијатарот и писател Масо Мијамото.

Приказната на “благородните самоубиства” во Јапонија од самураи и пилоти-камикази во Втората светска војна се сметаат за индиректна причина за големиот број луѓе кои ставаат крај на својот живот, па иако многумина во Јапонија се обидуваат да го променат тоа, задачата е многу тешка, со оглед на тоа што не е особено прифатено во тамошната култура да се бара помош.

Крај многуте патеки во Аокигахара има таблички

618x412 (1)

Натписот тука гласи: “Животот е скапоцен подарок од вашите родители. Размислете за нив и за другите членови на семејството. Не мора да страдате сами”.

Подолу има телефонски број на линија за спречување на самоубиства. Во регионот има многу телефонски кабини, од кои што можете да се поврзете и да побарате помош бесплатно.

Како шумата станува самоубиствена?

Се смета дека првото самоубиство во шумата било извршено од будистички монах кој отишол таму за да се очисти преку гладување до смрт.

Примерот бил проследен и од други монаси, и така се зародила “дестинацијата на смртта”.

Се тврди дека има места во густата шума, каде сончевите зраци не допираат до земјата и не продира ветер, па локацијата е многу тивка.

Синонимот “Море од дрвја” произлегува од набљудувачи од повисоко, кои го доживеале чувството дека набљудуваат бранови (ветрот ги движи дрвјата), кога ја гледаат шумата од птичја перспектива.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Нема животни, а полињата со железо во вулканската почва во регионот ги буни компас и GPS уредите, па дури и искусни туристи можат да се изгубат во шумата.

Масовно Јапонците веруваат дека обичајот наречен убасути каде возрасните роднини биле одведени во пустелија и оставени да умрат, се практикувал токму во овој регион, и се смета дека нивните души ги демнеат посетителите.

Исто така се зборува дека демони слични на птици го населуваат ова место; некои тврдат дека виделе бели духови како планинарат меѓу дрвјата.

Според посетителите, шумата ги турка луѓето во една или друга насока, иако тоа би можело да биде резултат од чудната топографија на местото. Во секој случај Аокигахара изгледа крајно застрашувачки.

Пишаниот збор – дополнителна причина да се заврши во шумата

Друга причина за многубројните самоубиства во Морето од дрвја можеби се крие во пишаниот збор.

“Kuroi Jukai” (што, колку изненадувачки, се преведува како “Море од дрвја”), е роман од 1960 на С.Мацумото, во кој двајца млади љубовници се самоубиваат во шумата.

Во 1993-та У.Цуруми пишува водич за оние кои сакаат да стават крај на својот живот – The Complete Suicide Manual. Во него тој особено го фали бесењето (најчестиот метод што се користи од страна на оние кои наоѓаат смрт меѓу Морето од дрвја) како “уметничко дело” и ја нарекува Аокигахара идеално место за смрт, затоа што според него невозможно е телото да се најде и “ќе бидете исчезнати и полека ќе исчезнете од меморијата на луѓето “(Книгата стана бестселер, но на крајот беше пречекана со силна негативна реакција и е речиси забранета во Јапонија).

Сепак нема јасни причини зошто шумата привлекува толку многу луѓе кои сакаат да го завршат својот животен пат.

Во документарецот на VICE , геолог по име Асуза Хајано која ги истражува шумите, вели дека нема идеја зошто е така.

618x412 (2)

Работите кои луѓето ги остават зад себе – од недвосмислени самоубиствени писма и напуштени територии за логорување до траги од туристички правци – донекаде можат да укажат што мислат овие самоубијци.

Други сметаат дека јажињата само го олеснуваат наоѓањето на труповите. Во секој случај јажиња има практично насекаде во шумата.

“Во повеќето случаи, ако ги следите јажињата, ќе пронајдете нешто на нивниот крај”, вели Хајано.

Геологот се обидува да им помага на живите кои ги среќава таму и не е единствениот.

Едно од последните места каде човек може да запре пред да влезе во шумата, е мал шопинг центар крај главниот влез, каде што вработените толку се навикнати да препознаваат кој влегува таму за да умре, што почнале да ја предупредуваат полицијата.

“Овој тип на луѓе се лесно препознатливи”, вели благајникот Казуаки Амано. “Тие скитаат некое време пред да навлезат по патеката и внимаваат да немаат контакт со кој и да е”.

Вистинската приказна на Морето од дрвја е толку исполнета со тага, што би било невозможно да биде надмината од уметничка творба, во случајов, филмовите на темата.

Стигмата врз психичките проблеми во Јапонија нема да исчезне во догледна иднина, што значи дека Аокигахара веројатно ќе остане место, поврзувано со смртта, долго откако “Шумата” ќе биде заборавена од гледачите кои за прв пат ќе ја сретнат на малите екрани.

- Реклама -