Модната куќа “Долче и Габана” (Dolce & Gabbana) претстави колекција за сезоната пролет-лето 2016 година наменета за жените од Блискиот Исток.
Дизајнерите за прв пат објавуваат колекција со традиционални елементи за муслиманските жени.
Истата вклучува претежно неутрални бои – традиционално црна и беж, разновидни цветни мотиви, а материјалите се жоржет, сатен и изобилство од чипка. За комплетна визија дизајнерите се обложуваат и на големите додатоци и накит.
Со “Hijab and Abaya Collection” италијанската модна куќа цели да привлече повеќе блискоисточни клиенти. Деновиве моделите ќе бидат пуштени во продажба во бутиците на брендот на Блискиот Исток, Париз, Минхен, Милано и Лондон.
Ова не е првата колекција на “Долче и Габана”, наменета за специфичен пазар – пред една година брендот создаде линија специјално за Мексико.