Во 365дом и дизајн денеска успеавме да се закачиме за еден стилски и модерен дом лоциран во Лисабон, Португалија.
Редизајнот е дело на архитектите од “Arkstudio” студио, а крајниот резултат е светол стан со чист ентериер. Една од суштинските промени е поврзувањето на дневната соба и кујната со отстранување на дел од ѕидот што отвора дополнителен простор.
Внатрешноста на обновениот дом е мешавина на модерни и антички детали. Тешките дрвени врати и капаците на прозорците во дневната соба се во контраст со модерниот мебел и стил.
Кујната е исклучително функционална и нуди доволно простор како за готвење, така и за прекрасни семејни вечери. Спалната дава чувство на комфорт и е во совршена хармонија со остатокот од станот.
Да го разгледаме.