Робинката Бартман – жената што ја споредуваат со Ким Кардашијан

618x464

Сара Бартман е ѕвезда во “шоуа за изроди” во почетокот на 19 век низ Лондон и Париз. Таа е главен лик во една приказна за генетска болест, расизам, предрасуди, алкохол, суровост, но и слава во огромни размери.
Бартман умира пред два века, по години и години поминати во европски “шоуа за изроди”. Иако нејзината приказна неодамна изгледаше целосно заборавена, гласините за евентуален холивудски филм за животот на робинката одеднаш предизвикаа жестоки дебати.

Сара Бартман умира на 29 декември 1815, но нејзиното тело останува пред погледот на луѓето уште доста време.

Нејзиниот мозок, скелетот и половите органи остануваат изложени во париски музеј сè до 1974-та. Посмртните останки на Сара се репатрирани и погребани дури во 2002 година.

Која е таа?

Доведена во Европа од страна на британски лекар, таа го добива псевдонимот “Хотентотската Венера”, а нејзината приказна е составен дел од срамната историја на континентот.

Шанкер била позната по “шоуата за изроди” во Лондон и Париз, а Европејците се собирале за да го гледаат нејзиниот огромен задник.

Денес нејзиното име е прифатено од многумина како симбол на колонијалната експлоатација и расизам, а однесувањето кон неа се смета за исмејување со обоените и нивното претворање во стока.

Бијонсе сакала да снима филм за неа?

Тврдењата дека Бијонсе планира да напише сценарио за Бартман и да ја одигра главната улога во него беа одречени од претставници на пејачката. Гласините сепак се доволни за да предизвикаат загриженост.

Џин Бургес, водач на племенската група хои-хои од која потекнува Бартман, тврди дека Бијонсе нема “основно човеково достоинство, за да напише историјата на Сара, а камо ли да игра таква улога”.

Џек Девнарејн, претседател на јужноафриканската актерска елита, сепак коментира дека креаторите на филмови имаат “право да ги раскажуваат приказните на луѓе кои се сметаат за интересни и возбудливи и тоа е нешто против кое не треба да приговараме”.

Иако негира каква и да е поврзаност со филмот, претставникот на Бијонсе изјави: “Ова е важна приказна која треба да биде раскажана”.

Животот на Бартман бил исполнет со огромни тешкотии

Се смета дека таа е родена во Источен Кејп, Јужна Африка во 1789-та. Нејзината мајка починала кога таа имала 2 години, а нејзиниот татко – возач на добиток почива кога таа е млада девојка. Бартман станува домашна слугинка во Кејптаун, откако холандски колонизатор го убива нејзиниот партнер од кој таа имала дете што живеело релативно кратко.

Во октомври 1810-та, иако е неписмена, според историските извори, Бартман потпишува договор со англискиот бродски хирург Вилијам Денлоп, според кој заминува за Англија, за да учествува во “шоуа”.

Причината за интересот кон Бартман позната и под името Сартје, е нејзината болест.

Таа има генетски оштетувања, поради што задните нејзините делови се исклучително изразени, поради акумулацијата на масти.

Тоа ја прави предмет на сеопшт интерес кога е прикажана во сала во Лондон по нејзиното пристигнување.

“Треба да знаете, дека во тоа време беше исклучително модерно и силно посакуваа жените да имаат голем задник, па многу луѓе и завидувале на онаа што имала природни облини, без да мора да ја нагласува својата фигура”, вели Рејчел Холм, автор на “Хотентотската Венера: животот и смртта на Сартје Бартман”.

На сцената таа излегува со цврста облека по кожата со месо боја, носи ѓердан од монистра и пердуви и пуши луле. Богатите клиенти плаќаат за приватни настапи во своите домови, а на гостите им е дозволено дури и да ја допираат.

La_Belle_Hottentot

“Продуцентите” ја крстиле “Хотентотската Венера”

Зборот “хотентот” – сега се смета за навредлив – тогаш се користел од Холанѓаните за опишување на националностите хоихои и сан, кои заедно го сочинуваат народот познат како хоисан.

Британската империја ја забранува трговијата со робови во 1807-ма, но не и самото ропство.

Сепак, активистите и тогаш се потресени од односот кон Бартман во Лондон.

Нејзините работодавци се тужени за тоа дека ја држат спротивно на нејзината волја, но не се осудени затоа што и самата Бартман сведочи во нивна полза.

“Останува прашањето – дали таа била присилена да учествува во слични програми, како што тврдат активистите, или дејствувала по сопствена слободна волја?”, вели Кристер Петли, историчар од Универзитетот во Саутемптон.

“Ако била присилена против нејзината волја, таа може да се чувствала премногу исплашена за да ја каже вистината во судот. Никогаш нема да дознаеме”.

“Случајот е сложен и врската помеѓу Бартман и нејзините” работодавци “сигурно не била еднаква, дури и таа да имала некој елемент на избор или да чувствувала дека може да освои нешто – материјално или друго – од настапите”.

Холмс коментира дека шоуто на Бартман исто така вклучувало танцување и свирење на неколку музички инструменти и дека “софистицираната” публика во Лондон – град во кој етничките малцинства не биле ретки дури и во тоа време, не би стоела да ја гледа долго само поради расата.

По случајот, шоуто на Бартман постепено ја губи привлечноста и популарноста меѓу гледачите во главниот град и таа заминува на турнеја низ Велика Британија и Ирска.

Во 1814 година Бартман емигрира во Париз со Сезарс

Таму таа повторно станува славна, пие во Cafe de Paris и посетува забави на високото општество.

Сезарс се враќа во Јужна Африка, а Бартман паѓа под власта на “дресер на животни”, познат под псевдонимот Ро. Таа пие и пуши многу и според Холмс, веројатно е користена за проституција од него.

Бартман се согласува да биде проучувана и насликана од група научници и уметници, но одбива да се покаже целосно гола пред нив, велејќи дека тоа е под нејзиното достоинство – таа никогаш не се соблекла сосема во кое и да е нејзино шоу.

Овој период е почетокот на студијата на “расната наука”, вели Холмс.

Бартман умира на 26 години. Причината за смртта е опишана како “воспалителна болест придружена со осипи”.

Подоцна се појавија хипотези дека тоа се случило како резултат на пневмонија, сифилис или алкохолизам.

Хирургот Жорж Кјовие кој танцува со Бартман на една од забавите на Ро му прави дисекција на нејзиното тело.

Тој го задржува костурот и ги чува во формалдехид мозокот и нејзините полови органи. Овие “предмети” се изложени во парискиот антрополошки музеј. Тие остануваат таму сè до 1974 година.

Француската влада конечно се согласува и во март 2002-ра ги пренесува “артефактите”.

Во август истата година, жената со големите облини е погребана во Ханкиј, во провинцијата Источен Кејп, 192 години по нејзиното заминување за Европа.

Објавени се неколку книги за односот кон Бартман и нејзината културна важност

“Таа се претвора во пејзаж, на кој се градат бројни наративи за експлоатација и страдањето на обоените жени”, пишува Гордон-Чипембиер. Според неа “меѓу сето тоа, жената Бартман останува невидлива”.

Дури за луѓето надвор од Јужна Африка, кои не ја познаваат историјата на Бартман, има некои деликатни културни референци.

Во 2014-та корицата на списанието Paper ја покажува реалити ѕвездата Ким Кардашијан, како балансира чаша со шампањ на задникот.

1415978913124_wps_2_Kim_kardashian_Saartjie_B

Некои критичари ја споредуваат оваа слика со цртежи на Бартман од нејзините современици.

“Често овие грди сцени од минатото во кое една или друга раса или пол биле понижени, се прикриваат, но сега е времето да им направиме ревалоризација. Важно е тоа да се прави на начин кој избегнува дискредитација и ги гледа сериозно овие аспекти на нашето минато “.

- Реклама -