Миодраг Божиновски – потсетување за една музичка легенда

Миодраг Божиновски е еден од најистакнатите композитори од нашата земја. Познат како Мичо тој е роден во Куманово во 1952-та, а неговиот живот згаснува прерано, пред пет години. 

Миодраг Божиновски – Мичо

Музиката на Божиновски е препознатлива. Тој пишува забавна, народна, детска музика, но со “Солзи” за пијано ги поместува границите навлегувајќи и во класичната сфера. Така, Божиновски го остава својот печат во народната македонска музика со Свирете ми тамбури, Бабино девојче во изведба на Нино Величковски и Моја серенада испеана од Гоце Николовски, а по иницијатива и под музичко раководство на Божиновски е создаден октетот „Куманово“, за кој напишал 250 песни, кои се издадени на повеќе носачи на звук.

Во својата кариера, меѓу другото, компонирал и за потребите на култната детска серија „Во светот на бајките“.

10917839_904373172936495_7049394045171275518_n

Божиновски ја создава музиката и за голем број телевизиски серии меѓу кои “Североисточно од југозапад”, “Погрешно одсвирена нота”, “Погрешно време”…

Завршуваме со едно традиционално, божествено и неповторливо музичко парче од маестро Миодраг Божиновски. Уживајте во изборот.

Песна на ангелот

- Реклама -