Сексот продава(Л)… некогаш

5a8744ea4d8aefa0830efa1d51e3f8a6[1]

Шведската компанија ABS Vils, водечки производител и продавач на автомобилски гуми и тркала, ја дуплираше популарноста, а и продажбата, откако ги укина рекламите со заводливи старлети.

Шведскиот омбудсман за огласување четири пати ја имаше предупредено компанијата – што е рекорден број на опомени изречени во земјата, означувајќи ги рекламите како „сексистички“. При редизајнот на својот вебсајт, пред нешто повеќе од една година, компанијата конечно реши да ги замени невкусните огласи и да ги замени со едноставни и јасни слики од своите производи.

Резултатот од таквиот маркетингшки пристап беше изненадување за сите, со оглед на тоа дека продажбата одеднаш процвета од околу 25 – на околу 50 нарачки дневно, со тоа што многу од новите купувачи беа жени.

Сопственикот на компанијата – Енди Ладо, за шведскиот весник „Lokal“, изјави дека бројот на женски клиенти сега е шест пати поголем отколку порано, а целата заслуга се препишува на новата стратегија на компанијата.

„Отидовме и чекор понатаму, па нашата реклама веќе не е само претставување на производот, туку веќе се работи и за образовен маркетинг, со многу визуелни ефекти. Кога одиме на саеми, сега понесуваме само спортски автомобил, а не и хостеса, што ни овозможува да посетиме и да се сретнеме со многу поголем број на клиенти“, вели Ладо.

Очигледно, во време кога жените се рамноправни со мажите и имаат огромна куповна моќ, да го базираш маркетингот на секс и не е најпаметно.

- Реклама -