Дара е местото во кое пред четири години започна сиријската револуција. Сега делува како сцена од некоја одамна заборавена војна во која голем број од таканаречените бунтовници денеска и понатаму се бори против режимот на Башар Ал Асад.
Тука се води тешка борба во тотален медиумски мрак,а доколку успеат да ја освојат Дара би им се отворил патот кон Дамаск, седиштето на режимот на Асад.
Екипата на Вајс Њуз им се придружува на бунтовниците од првите борбени линии со цел да ни покаже како целата оваа ситуација изгледа од прва рака.