Мишел де Монтењ: Родени за да дејствуваме

Мишел де Монтењ е француски философ и писател од епохата на Ренесансата.

Неговиот начин на пишување го утврдува жанрот есеј, кој што го прави Монтењ една особено значајна фигура во интелектуалната историја на Западот.

Нашироко се смета за татко на современиот скептицизам. Покрај есеите, негова главна одлика се обидите да користи „секојдневни“ анегдоти и автобиографија во интелектуални расправи – томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт, Блез Паскал, Жан Жак Русо, Вилијам Хазлит, Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Штефан Цвајг, Ерик Хофер, Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.

Монтењ во 1578 година
Монтењ во 1578 година

Во продолжение уживајте во 18 прекрасни мисли од таткото на есеите.

За животот

1. “Нашата голема и славна креација ќе биде да живееме како што треба.”

2. “Кукавичлукот е мајка на суровоста.”

3. “Навиката ја затупува острината на нашиот ум.”

4. “Сами по себе, работите не се ниту мачни ниту тешки; нашата слабост и малодушност ги прават такви.”

5. “Душата извлекува корист за себе од сè.”

6. “Изгледа дека брзата и нагла акција е посвојствена за духот, а бавната и смирена – на умот.”

7. “Духот кој нема никаква одредена цел, се губи, зашто како што се вели, кој е насекаде, тој не е никаде …
… така е и со умот: ако не е зафатен со нешто дефинитивно што ќе го држи под контрола и ќе го тера да работи, тој пропаѓа без цел наваму-натаму по бескрајните полиња на имагинацијата … ”

8. “Ние немаме друго мерило за вистинското и разумното освен примерот и образецот на мислењата и настапот во земјата каде што живееме.”

9. “Која вистина е онаа за која планините се граница и која станува лага за луѓето надвор од нив?”

10. “Мојата филозофија е во дејството, во природната и итна употреба на животот; и помалку во фантазиите.”

elephant-chess-ethiriel-photography

За човекот

11. “Вистинското огледало на нашите мисли е начинот на живот.”

12. “Најдоброто нешто на светот е да можеш да си припаѓаш на себе.”

13. “Немам можност да управувам со настаните, јас управувам себе, а ако условите не се прилагодат кон мене, тогаш јас самиот се адаптирам кон нив.”

14. “Човек не е само добар или само лош, туку зависи на која страница ќе ја отвориш неговата душа и пред какви искушенија ќе го поставиш …”

15. “Природата нè донесе на светот слободни и независни: ние самите се затвориме во едни или други кругови.”

16. “Нема полесно и истовремено покомплицирано занимање од тоа да беседиш со своите мисли – сето тоа зависи од тоа каков е разговорот со душата.”

thinking-outside-the-box-makes-me-l

За љубовта и бракот

17. “Ако постои такво нешто како добар брак, тоа е затоа што наликува повеќе на пријателство отколку на љубов.”

18. “Несомнено паметен човек бил оној кој рекол дека среќниот брак подразбира слепа жена и глув човек.”

 

- Реклама -