Најскапо продадени автомобили во 2015

По една релативно сеопфатна анализа на продажбата на возила во изминатата 2015 година, два автомобила, според одредени истражувања се најскапо продадени автомобили во 2015.

Во изминатата година на различни аукции, како RM Auctions, Bohnams, Barrett-Jackson, Mecum, Gooding & Company, а исто така и преку еВау беа направени доста интересни понуди и продажби, но меѓу нив се издвојуваат овие два автомобила, кои се продадени по цена од над 10 милиони долари и имаат многу интересни приказни.

Со епитеот „божествени“ старите изданија на Ferrari се појавуваат на речиси секоја од поголемите аукција. Повеќето од нив припаѓаат на серијата 250, GTO, SWB Berlinetta, Lusso и Testa Rossa. Предметното Ferrari 250 GT Berlinetta Competizione (1956) е едно од 14-те примероци, со многу интересна приказна. Тоа му припаѓало на легендарниот Маркиз Алфонсо де Портаго – шпански аристократ и тркач со автомобили. Тој почнува да се натпреварува со автомобили во 1953 година, а три години подоцна е вклучен во тимот на Скудерија. Токму со синото Ferrari, де Портаго е непобедлив во сите натпреварувања. За жал тој загинува во најславните моменти на својата кариера во трката „Миле милја“. По неговата смрт автомобилот поминува низ многу колекционери, а во 1990 е главно обновен. Во изминатата година тој беше продаден за сума од 13.200.000 долари.

Aston Martin DB4 Zagato (1962) безусловно е еден од непроценливите примероци на автомобилската уметност. Иако, тоа не е ретка изведба на  Aston Martin во историјата. Италијанското ателје прави 19 такви примероци, што е за 18 повеќе од единствениот DB9 Zagato, но овој факт воопшто не ги намалува неговите вредности. Благодарение на својата ексклузивност и дизајн, проектиран од Еркол Еспада, автомобилот располага со 3.7-литарски шестак кој е со моќност од 318 коњски сили. Специфичните италијански црти се исткаени во неспорната британска елеганција на возилото. Според мнозинството од автомобилските специјалисти за дизајн, тоа е најубавото дело на работилницата Zagato. Автомобилот со сериски број 14 долго време е на територијата на Австралија. Потоа е купен од Англичанец, кој го реставрира главно со помош на експертот Ричард Вилијамс. Сега возилото е во уникатна состојба и не без причина беше продадено за огромна сума од 14.300.000 долари.


Прочитајте и:  Гугл развива софтвер кој ќе ви го „преземе“ воланот доколку лошо возите

Автоплус

- Реклама -