Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век жените носеле со себе мало бележниче наречено “Carnet de bal”.
Во него за време на бал, театар или прием било прифатливо да се водат ситни белешки – вообичаено со пристојна содржина. Потоа ги користеле главно за одбележување на имињата на партнерите на кои дамата им ветува танц за време на свеченоста. Овој додаток бил изработен од благородни метали како злато, сребро или материјали како седеф, слонова коска, школка од желка. Ги краселе со скапоцени камења, цртежи, рачни везови и минијатурни портрети. Кориците биле изработени од слонова коска.
Сarnet de bal претставува бележник, обично со правоаголна форма, наменета за чување на моливче. Личи на мала рамна кутија на ланче со неколку прицврстени страници, а понекогаш и со прегради за ситна женска козметика.
Имало и варијанти во форма на тефтерче, виолина, медалјон.
Златен Сarnet de bal, покриен со сино платно и изгравирани окови и бил подарен на царицата Катерина II од кнез Потемкин. Бележникот имал бисери, смарагди, дијаманти и натписи, направени од двете страни: “Со благодарност” и “За потсетување”
Лево е додатокот на Катерина II, а десно е Carnet de bal со ликот на големата руска кнегиња Марија Фјодоров .
Посебна популарност Carnet de bal добил на почетокот на XIX век со доаѓањето на танцот кога се барале партнери. Се сметало за непристојно да се танцува повеќе од 3 игри со еден партнер, освен ако не се работи за вереник. Во бележничето дамите запишувале кој ги поканил на танц и колку пати танцувале. Во спротивно можело да настане конфузија.
“Да се даваат ветувања на бал повеќе отколку што е потребно, или да згрешите и за еден танц да дадете ветување на двајца, значи да се ставате на ризик да станете хероина на скандал, бидејќи мажите можат да влезат во конфлик, кој понекогаш може да заврши непристојно. “
Carnet de bal изработен од слонова коска
Carnet de bal во форма на лепеза
Carnet de bal со вграден часовник и со рачни везови
Француски Carnet de bal, XVIII в., Gilded Bronze, предмет на Vertu, Наполеон III
Carnet de bal на кралицата Маргарита
French Dance Card, 1800
Carnet de bal, околу 1765
Сarnet de bal служи за да го потсетува секој танчер со кого соработува. Заедно со додатокот Port-bouquet тој станува непроменлив елемент од балските настани. Постепено плочката од слонова коска се заменува со картон или хартија, на кој што претходно се печати редоследот на танцот за конкретниот бал. Со текот на времето слични балски бележници започнуваат да користат и мажите.
Carnet de bal од картон, крајот на XIX век
Лево – Carnet de ball oд Франција, од десно – сребрен од Англија
Carnet de bal, Германија, 1873 година
Carnet de bal од XX век