Американските власти го тужат германскиот автомобилски гигант “Фолксваген” поради скандалот со измама – лажираните тестови за емисиите на гасови.
Тужбата е поднесена од страна на американската агенција за заштита на животната средина поради кршење на законите за борба против загадувањето.
Американското Министерство за правда и Агенцијата за животна средина поднеле општа тужба во суд во Мичиген. Тие ја обвинуваат германската компанија дека опремила 600 000 дизел автомобили со софтвер кој им овозможува да го загадуваат воздухот без да бидат откриени. На овој начин можеле да ги прелажат корисниците и да им наштетат на здравјето.
Покрај тоа, компанијата го прекршила законот за чистота на воздухот, продавајќи автомобили, различни од претходно најавените пред Агенцијата за животна средина.