Во сообраќајна несреќа во близина на Штип го загубија животот Ристе Ш. (30) и Коце П. (40), и двајцата вработени во штипскиот затвор.
Синоќа возилото изгубило контрола од коловозот и завршило во водите на реката Брегалница, по што двајцата починале на лице место.
Нивни колеги возеле зад нив и веднаш застанале да ги извлечат од водата и да ги спасат, но било предоцна.
Телата се предадени на обдукција.