Тарик Али: Политичарите на Балканот се сосема бескорисни

b3404be4ce8e34f9427382fa15263dea_XL

Ако не се појави алтернатива, капитализмот ќе преживее. Колку и да е ужасен, без политичка алтернатива не може да му се нанесе никаква штета. Она што може да се направи е да се подготви замена, да се соберат идеи, да се изнесат и да се расправа за нив. Во спритивно, капитализмот ќе станува само полош.

Ситуацијата на Балканот е далеку од идеална. Во Србија и Босна голем број луѓе се без работа. Криминалните организации имаат големо влијание вез политичката структура и ги одредуваат исходите од случувањата. Ни ситуацијата во Хрватска не се разликува многу. Затоа ми се чини важно да започнеме конкретно да расправаме за тоа кои ни се алтернативите, што воопшто би можело да биде алтернатива за капитализам, што надвор од капитализмот, да ги разгледаме сите опции.

Всушност, тие теми се веќе долго време тргнати од дневен ред и важно е да се расправа за нив.

Првиот голем експеримент со социјализмот започна по револуцијата во 1917 година и неславно пропадна. Сите сме свесни за тоа дека се работеше за неуспешен експеримент, но капитализмот разочара најмалку 30 пати во изминатите 200 години и никој не го смета за пропаднат проект.

Социјализмот, и покрај се, изгледа многу поприфатлива опција, под услов да се започне од почеток, да бидеме свесни за грешките и подготвени да ги исправиме. Разговарав со бројни луѓе во Сараево и Белград, кои за периодот на Тито говорат како за златни години. Тоа чувство преовладува, а произлегува од тоа што луѓето сфатиле некои работи, ја имале сигурноста на која можеле да сметаат. Тоа повеќе го нема. Не сум баш сигурен дека поголемиот дел од Балканот и Источна Европа сосема ја отпишале оваа ера. Најпрво ми се чини дека се паметат многу убави работи. Се согласувам дека не било идеално. Недостасувала демократска одговорност, можност за јавна критика, јавна расправа. Сето тоа се грешки на системот, но верувам дека тоа може да се поправи.

Регионални блокови

Би можел сега да бидам ироничен и да кажам дека самиот јас сум меѓу оние кои профитирале од распадот на Југославија. Книгите ми се издаваат во четири земји, речиси на исти јазик и тоа е смешно. Нешто мора да се направи ако сакаме да одиме напред, а не наместо тоа да ставаме бариери и граници во општеството, економијата и културата. Не само на Балканот, туку насекаде во светот земјите треба да се сплотат. Но, за тоа е потребна и политичка волја. Не гледам друго решение. Тоа е единствениот начин општеството да зачекори кон напред.

Во случајот со Балканот тоа ми се чини како логично решение – некаква постјугословенска унија, конфедерација, наречете ја како сакате. Кога велам “југоунија” не мислам притоа на некои цврсти сојузи, туку на конфедерација на еднакви, рамноправни земји во кои никој не би се плашел од страдање на националниот суверенитет.

Политичарите како макроа

Политичарите се речиси секаде на Балканот крајно бескорисни: Во Белград гостував во една од оние многу популарни и глупави телевизиски емисии во кои убави девојки поставуваат ужасно глупави прашања. Така водителката ме праша: “Еве сега дојдовте во нашата земја. Дали се сретнавте со некој од нашите политички лидери?”

Одговорив “Слушајте, да сакав да разговарам за криминал, ќе разговарав со криминалци, да сакав да завршам некоја работа, ќе се обратев кај луѓе што работат. Не ми требаат политичари како макроа”

Oд прва само се насмеа, потоа и допре до главата и видно се ужасна. Потоа ми рече дека никој во емисијата не и кажал такво нешто.

Tоа е моето мислење за политичарите на Балканот – колку што јас сфаќам, тие само се богатат, а поради тоа и влегуваат во политиката. Единствената разлика во промените на различни опции е во тоа различни групи, различни банди да доаѓаат и да се богатат.  Политиката не се менува, секогаш е иста и ни најмалку не води сметка за обичните луѓе.

Тарик Али

Неизоставна цртица од разговор со Тарик Али, еден од најзначајните левичарски интелектуалци на денешницата кому Џон Ленон и Мик Џегер му имаат посветено песни.

Џегер ја напиша песната  “Street Fighting Man”  откако беше сведок на антивоените протести во Лондон во 1968 година кога студентите го пробија полицискиот кордон и тргнаа кон амбасадата на САД, а полицијата им возврати. Студентите ги предводеше Али. Ленон пак, откако го интервјуираше Али, му ја посвети песната  “Power to the People”.

- Реклама -