Античкиот Колосеум во Рим, каде што гладијаторите се бореле за забава на народот, се спуштил околу 40 сантиметри на јужната страна и властите размислуваат за итни поправки.
Експертите првпат ја забележале наваленоста пред околу една година и внимавале на ситуацијата во последните неколку месеци според Росела Реа, директор на споменикот стар 2000 години. Кривата Кула во Пиза, една од најпопуларните атракции во Италија, беше повторно отворена во 2001 година по речиси цела деценија работа за спречување нејзин пад.
Реа побарала од Ла Сапиенца Универзитетот во Рим и геолошкиот институт IGAG да започнат студија на феноменот и бара заклучок до крајот на годината. Тестовите почнале да забележуваат дека и сообраќајните метежи на блиските улици имаат ефект врз споменикот.
Професор Џиорџио Монти од одделот за градежна технлогија при Ла Сапиенца предупредил дека би можело да има пукнатина во основата на амфитеатарот. „Бетонскиот темел на кој лежи Колосеумот, кој изгледа како 13 метри дебел овал со отвор во средината, најверојатно има пукнатина.“
Монти додал дека најверојатно е неопходна интервенција ако се потврди неговото сомнение, нешто слично како работата за стабилизирање на кулата во Пиза. Колосеумот – познат по крвавите борби кои биле одржувани во Римската Империја – привлекува стотици илјади туристи и најчесто е полн со посетители. [Colosseum in Rome leaning, may need urgent repairs]