Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра уште еден одличен натпревар за Наполи во подготвителниот период, постигнувајќи погодок на дуелот против Баер Леверкузен, за победа од 2:1.
Пандев игра како препороден во новата сезона, а од тренерот Мацари ја доби омилената улога, зад напаѓачите на Наполи. Тоа дава и ефект – Пандев е еден од лидерите во играта на „Наполитанците“.
Синоќа Пандев се запиша во листата на стрелците во 51.минута од мечот против Баер Леверкузен. Тој, исто така, е најдобро оценет фудбалер во составот на Наполи.
{youtube}ksy5jHeOMDA{/youtube}