Цената на првиот мобилен телефон

martin-cooper[1]

Motorola DynaTAC бил првиот достапен (за корисниците) мобилен телефон во светот, а се појавил на пазарот во 1984-та година.

Тежел нешто повеќе од еден килограм, а батеријата траела максимум 35 минути разговор. Полнењето траело 10 часа! Најимпресивната карактеристика, од денешен аспект, е сепак, цената: 3995 долари. Кога денес би се продавал по истата сума, би чинел неверојатни 9363 долари.

Прототипот го измислил Американецот Мартин Купер, цели 10 години пред телефонот да дебитира на пазарот. Сепак, цена останала, пред сé затоа што соодветствувала со огромната инвестиција што американската Моторола ја вложи во развојот на мобилната телефонија и Motorola DynaTAC – 100 милиони долари, од кои најголем дел за изградба на радио кули и останатата потребна технолошка инфраструктура која дотогаш била практично непостоечка.

- Реклама -