Дали ХПВ инфекцијата може да предизвика рак кај мажите?

Сите знаеме дека ХПВ инфекцијата може да предизвика цервикален канцер кај жените, но дали истата го зголемува ризикот за појава на рак и кај мажите?

Краткиот одговор на ова прашање е “да“, но специфичните ризици се поинакви кај мажите. Во поголем дел од времето, ХПВ инфекцијата не дава никакви знаци и симптоми и кај двата пола, иако некои типови на ХПВ предизвикуваат појава на генитални брадавици.

Во основа, имуниот систем го елиминира вирусот без третман во рок од две години. Се додека вирусот е присутен, тој може да се пренесува на сексуалните партнери. Но, некои високо ризични типови на ХПВ можат да предизвикаат постојана инфекција која што постепено преминува во канцер.

Со исклучок на цервикалниот канцер, други типови на рак предизвикани од ХПВ се невообичаени. Во ретки случаи, ХПВ инфекцијата може да предизвика појава на рак на вулва, вагина, пенис, анус и орофарингс – задниот дел на устата и горниот дел на грлото. Овие типови на рак најчесто се развиваат во содејство со ХИВ.

Хомосексуалците кои што се заразени со ХИВ имаат голем ризик за појава на рак на анусот, пенисот и грлото поради постојаната ХПВ инфекција. Мажите можат да се заштитат од оние типови на ХПВ кои што предизвикуваат генитални брадавици со примање на Гардасил вакцината која што е одобрена како вакцина против цервикален канцер кај девојчињата и младите девојки.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -