Европа ги учи мигрантите како да ги третираат жените

migrants lessons

Како што расте бројот на мигранти и бегалци од Блискиот Исток и Африка, така расте и напорот на европските земји да се организираат курсеви што ќе ги научат новодојденците како треба да ги третираат жените, пренесува FranceTV Info.

Главната цел на овие нови курсеви е да се едуцира машкиот дел од мигрантите по однос на европските сексуални норми и кодови на општествено однесување. Овие мажи често се шокирани кога ќе видат жена што носи „откривачка“ облека, жена што пие алкохол или жена што се бакнува во јавност.

„Многу бегалци доаѓаат од земји каде еднаквоста на половите не постои и жените се третирани како предмет на поседување на мажите“, вели психологот Пер Исдал, кој работи во една од норвешките организации кои развија курсеви за бегалците. „Треба да им се помогне на овие луѓе да се адаптираат на нашата култура“, додава Исдал.

Во Норвешка, на пример, курсевите се доброволни, но Данска, од друга страна, зазема многу посериозен пристап. Се водат преговори за тоа предавањата за „културна свест“ да бидат задолжителни за секој мигрант што ќе влезе во земјата.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Австријците, пак, сметаа дека е добра идеја да издадат памфлети за бегалците во кои е опишано прифатливото и неприфатливото однесување. Во памфлетите се начнати неколку важни теми, вклучувајќи човекови права, слобода, демократија, еднаквост и права на децата.

„Ова е проблем на еднаквоста. Луѓето мораат да знаат што е можно порано што се очекува од нив во нашата земја, за да се избегнат недоразбирања“, вели австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер.

europe-migrants-hungary[1]Германија исто така верува дека курсевите за бегалците се добра идеја. Во моментов, германската влада експериментира со предавања за мигрантите-тинејџери во провинцијата Баварија.

Еден градоначалник на едно помало градче во провинцијата Хесен, пак, издаде листа на правила кои мигрантите мораат да ги следат за подобро да се вклопат во градската култура. Според FranceTV Info, една од препораките од листата се однесува на правата на жените, а гласи вака: „Девојките не сакаат кога ги прашувате за телефонскиот број, и не сакаат да се омажат за никого“.

- Реклама -