Дамаск – Теолозите на Исламската држава напишале редови детали за тоа кога „сопствениците“ на заробените жени можат со нив да имаат сексуални односи, пренесува „Ројтерс“.
Фатвата, која има улога на закон ќе биде над Исламската држава и изјавите на нејзините водачи.
Некои од „правилата забрануваат таткото и синот да имаат односи со иста жена, забрануваат сопственикот да има однос со робинките кои се мајка и ќерка“.
Фатвата за односите со робинките започнува со прашањето, во кое се нагласува дека „браќата направиле грешки во односот со робинките, дека таквото насилство шеријатскиот закон не го подржува, како и дека постојат предупредувања за борците на ИД во врска со тоа“.
После тоа, во документот објавен од „Ројтерс“, напишани се 15 „инструкции“ од кои некои се со многу експлицитни содржини.
Како што е наведено од страна на експерти, овјавувањето на тие „правила“ е обид да се стави крај на насилството и лошиот третман на заробените жени.
„Правилата“ фрлаат нова светлина врз тоа како терористичката група се обидува да го обнови оправдувањето на сексуалното ропство на територијата на Ирак и Сирија, која ја контролора ИД, пишува „Ројтерс“.
Обединетите нации ја обвинуваат ИД за киднапирањата и силувањата на жените и девојките, особено ако тие водат потекло од курдскиот народ Јазиди. Многу од нив им се дадени на борците како награда по борбите.
Организацијата „Хјуман рајтс воч“во април објави интервјуа со 20 жени кои успеаја да избегаат од теророт на ИД во кои тие ги опишуваат начините на кои борците на ИД ги третираат.