Ако сакате уникатен начин да ги покажете вашите фотографии, тогаш пробајте ја нашата идеја за фотолампа.
За овој проект ќе ви требаат обична светилка со абажур, испринтан колаж од фотографии, создаден според димензиите на абажурот.
Ви препорачуваме да користите црно-бели фотографии, за дизајнот да биде поавтентичен.
Оставете си и по неколку сантиметри од двете страни на хартијата, ако не сте успеале да ги пресметате точно димензиите.
Залепете ја хартијата од надворешната страна на абажурот и вашата лампа ќе биде подготвена.