Новите канцеларии на Twitter

Еден поранешен склад за продажба на мебел на големо денес стана новите канцеларии на Twitter во Мид Маркет Стрит населбата во Сан Франциско.

Од градот се надеваат дека присуството на Твитер и други компании кои размислуваат напредно ќе внесе живот во занемарениот дел од Сан Франциско. Други бизниси се вселуваат во истата зграда (канцелариите на Twitter ќе опфаќаат три ката), а уште неколку бизниси се вселуваат во околината, главно благодарејќи на серија даночни олеснувања.

Градина на покривот

Најинтересниот елемент од канцелариите е отворениот простор на покривот кој има поглед врз целиот град. Градината е прекриена со трева и кактуси за кои не е потребна многу вода.

Кујна

Големата и полна кујна е елементарен дел од работното место на технолошка компанија и Twitter не е исклучок. Трите кујни се означени како @birdfeed, #comfort и #tenderloin и служат прекрасна храна и имаат фрижидери со бесплатно пиво. [Twitter has moved into its new office, and it’s gorgeous]

- Реклама -