На повидок е нова фудбалска војна

neymar-barcelona-ney_3374746Реал сака да ја киднапира мегаѕвездата на Барселона

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид во 2000-та година ѝ го зададе најголемиот удар на Барселона во поновата фудбалска историја, кога, за време на првиот мандат на сегашниот претседател Флорентино Перез, од „Ноу Камп“ го донесе Луис Фиго на Санијаго Бернабе.

Фановите на „Блауграна“ на Португалецот никогаш  нема да му го простат предавството, па на следното Ел Класико го гаѓаа со свински глави.

Сепак, оваа епизода може да се смета за „обична настинка“ во споредба со ова што го најавуваат медиумите во Барселона.

Во своето денешно издание каталонски „Спорт“објавува дека Флпрентино Перез е одлучен во својата намера да го донесе Нејмар на стадионот „Сантијаго Бернабе“.

Претрседателот на „Кралскиот клуб“ , според весникот, веќе неколку пати го контактирал таткото на фудбалерот, кој е воедно и негов агент, но досега сé уште немало успешни преговори.

Весникот потсетува дека Реал во 2013 година му испрати на Нејмар побогата понуда во однос онаа на Барселона, но дека Нејмар одлучи да го реализира својот детски сон и да заигра токму за каталонскиот клуб.

Иако делува невозможно да се случи овој , што би претставувало веројатно најголем земјотрес во историјата на фудбалот, и самиот Нејмар во својата неодамнешна изјава остана прилично воздржан околу идните чекори.

„И понатаму сум во преговори со Барселона околу продолжувањето на договорот, за сега договор не постои. Моите планови во моментов се врзани само за Барселона. Оваа година имам освоено пет од можни шест трофеи, а во 2016 година сакам да ги освојам сите шест. За понатаму, кој знае, животот е долг“ изјави Нејмар .

 

- Реклама -