Како да се избориш со зимската депресија, како прав Норвежанец

2f40a6d83617fa583d7e77ba0bff389a5ce3a01e27c1cb51d570bab3ec6d0e09[1]

Зимата дојде, деновите се пократки и студени, а благодарение на поместувањето на часовникот, некое време ќе се враќаме од работа во темница. Ќе ни студи, ќе се тресеме, ќе се бориме со лошо време. Сето тоа на купче и станува јасно дека е многу лесно да се падне во зимска депресија. Главното прашање што се поставува е како да се избориме со темнината и студот и да останеме добро расположени и преку зимата.

Норвежаните, како луѓе кои најдобро ја познаваат зимата, ќе речат дека проблемот лежи во самото прашање. Според нив, зимата не треба да се издржи, туку да се ужива. А имено, за такво нешто, единствено што ни треба е промена на менталната свест.

Токму тоа е заклучокот на „експериментот“ на Кари Лејбовиц, докторантка на универзитетот Стенфорд, која од август 2014-тата до Јуни 2015-тата студирала како стипендист во Тромсо, во северна Норвешка. Тромсо е градче што е толку на север што од крајот на ноември па до крајот на јануари, сонцето воопшто не изгрева над хоризонтот. Лејбовиц заминала таму со цел да го проучува општото ментално здравје на локалните жители, заинтригирана од тоа што стапката на сезонска депресија била помала од она што секој би го очекувал.

3052970-poster-1-the-norwegian-secret-to-enjoying-a-long-winter[1]

На почеток, прашањето што го поставувала било: „Зошто луѓето не се повеќе депресивни?“, што очигледно се покажало како погрешно, затоа што луѓето одговарале со: „А зошто би биле депресивни?“. Очигледно, кај Норвежаните постои суштинска разлика во сфаќањето на зимата, а со тоа и лекции што можат да бидат извлечени за остатокот од светската популација да може да живне за време на зимските месеци.

Фала богу, постојат аспекти на близу поларната култура на живеење што тешко можат да се имплементираат во урбаните средини. Малите Норвешки заедници, на пример, се тесно меѓусебно поврзани, а блиските меѓучовечки односи водат кон раст на општата благосостојба.

Норвежаните не се депресивни, пред сé, затоа што ги слават работите што можат да ги прават единствено во зима. На пример, едвај чекаат да почне ски-сезоната. Излегувањето надвор е познат подобрувач на расположението, па Норвежаните упорно излегуваат, без разлика што се случува таму надвор. Оттаму и норвешкиот израз „Не постои лошо време, постои само лоша облека“.

Норвежаните имаат и свој збор, „коселиг“, кој значи удобност, топлина. Се однесува на генерална атмосфера налик на она нашето околу Нова Година и Божиќ, само без стресот. Норвежаните имаат обичај да палат свеќи, да палат огнови, да пијат топли пијалоци, да прават седенки покриени со топли ќебиња. Лејбовиц исто така истакнува дека Тромсо, во случајов, има многу фестивали и друштвени активности, во кои луѓето учествуваат како да се едно големо друштво.

Се разбира, луѓето уживаат и во самата убавина на сезоната. Среде зимата, кога сонцето не се крева над хоризонтот, добри неколку часа од денот изгледаат како изгрејсонце или зајдисонце, а боите што се рефлектираат во снегот се извонредно убави. Светлината е многу мека, индиректна и пријатна, споделува Лејбовиц.

3052970-inline-i-3-the-norwegian-secret-to-enjoying-a-long-winter[1]

Е сега, ние не-Норвежаните баш и немаме кај да скијаме, а немаме ни многу снег во градовите. Кафулињата немаат камини и толку многу свеќи како некоја дрвена куќарка на северот на Норвешка. Наместо тоа, ние стоиме пред врата на кафулето/работното место, со цигара во полусмрзнатата рака и постојано се жалиме – де дека ни е ладно, де дека е загадено. Таква ни е реалноста и од тоа нема бегање. Но, постојаното практикување и хранење на негативниот став кон зимата е најголемата пречка за промена на свеста кон позитивна перспектива, што пак ни е единствениот излез. Другата алтернатива е фаќање џаде некаде во некоја зимска идила барем на неколку дена, ама таквото решение е краткорочно, не и суштинско.

Затоа, одбијте да станете дел од олимпијадата на зимската мизерија. Фокусирајте се на тоа како студот ви овозможува да уживате во топли чаеви, кафиња и топло чоколадо преку целиот ден. Фокусирајте се на лизгање, на правење Снешко, на прошетки со љубените или со друштвото секогаш кога тоа е можно. Истражувањата покажуваат дека промената на состојбата на умот не мора да биде нешто големо и комплицирано. Едноствано е доволно да се обидете да имате подобар став кон зимата, за токму таков став да индуцирате.

- Реклама -