Светот не е љубезен. Тогаш зошто мора внатрешноста на нашите глави да биде поинаква?
Ова специјално видео нуди детална чекор-по-чекор медитација на јазик што сите го разбираме, додуша јазик што ич не е за пред деца. Да, ова е предупредување за сочни и нецензурирани вулгарности, баш какви што ви се мотаат во главата кога најмногу ви е потребна медитација.
Да почнеме:
„Седни или легни удобно, тивко. Дозволи си себе си да си тука, потполно, во овој момент…
Со затворени очи, започни да се поврзуваш со твојот внатрешен свет на мисли и чувства…
Постепено, пушти го купот срање на надворешниот свет да исчезне од твојата свест…
Ако забележиш дека умот ти одлутува кон други мисли, не им дозволувај да те загрижуваат. Само прифати дека целото тоа срање е ебено срање… Сега си тука, во ова место, со својот внатрешен тонус… Тие кучки не можат да се вовлечат под твојата кожа. Не можат ни…
Земи длабок здив. Сега издиши… Само почувствувај како целиот ебан нон-сенс отпловува. Земај полни, длабоки здивови. Вдишувај сила, издишувај срање… Дозволи му на твоето дишење да го најде своето природно, неизбрзано темпо…
Ако мислите ти скршнат кон неконтролираното срање во твојот живот, врати ја твојата намера назад на твоето дишење… И со секој здив, почувствувај го твоето тело како кажува: ЗАЕБИ… Со пасивно прифаќање, само дозволи им на лошите мисли да отпловат крај тебе… ЗАЕБИ… Со секој здив што го земаш, мислите ти стануваат полесни. И сите душоваднички куропушачи пропаѓаат далеку од тебе, во ништото…
Издвои момент за да уживаш во тишината. Тие серковци не можат да посерат духовна чистота како оваа… Ти си бестежински. Безвременски. Без почеток, или крај. Комплетно релаксиран и ослободен од мисла…
И додека полека ги отвараш очите, поздрави го светот и сé во него, со нов прекрасен здив на Заеби“.