Фасцинантното потекло на Кока-Кола, Пепси и 7-up

Кока-Кола

coke%20ad-1[1]

Добро познат факт е дека оригиналната формула за најпопуларниот пијалок на светот вклучувала и кокаин, но помалку познато е дека содржела и алкохол. Внимателно чуваната тајна за Кока-Кола е дериват на рецептот на американскиот фармацевт Џон Пембертон (од Атланта), инспириран од еден тогаш мошне популарен француски освежителен пијалок – кока вино, кој се добивал со мешање на листови од кока со вино од Бордо. Во формулата на Пембертон имало лист од кока, cola-nut (плод на дрвото Кола) и дамиана – миризлив цвет често користен за подготовка на стимулативни чаеви. Пембертон често ги нагласувал медицинските квалитети на својот пијалок, особено за оние што биле „посветени на ектремна ментална стимулација“. Сепак, во 1886-тата, кога прохибицијата стапила на сила во Атланта и Фултон Каунти, Пембертон морал да ја смени оригиналната формула на тоникот и наместо алкохол да користи шеќерен сируп. Сепак, пијалокот продолжил да содржи кокаин, и тоа сé до 1905-тата. Резултатот: „Безалкохолен пијалок за нервите“, како што и била рекламирана.

Пепси

pepsi-vintage-ad[1]

Покрај газираноста и вкусот на Кола, Пепси има уште една заедничка точка со главниот конкурент, Кока-Кола. И Пепси бил измислен од фармацевт, во овој случај од Калеб Брадам од Северна Каролина. Во 1890-тата, тој почнал да продава напиток познат како „Напитокот на Бред“. Тој исто така се фалел со медицинските примени на неговиот пијалок; навистина, името Пепси-Кола, воведено во 1898-та, сугерира дека тоникот потекнува од медицински препарат. Имено, името „Pepsi“ e земено од „пепсин“ – дигестивен желудочен ензим кој ги разградува протеините до пептиди, а кој го имало во составот на оригиналната формула на Брадам. Како и Кока-Кола, и Пепси денес не содржи  пепсин. Во 1898-та, Брадам направил мудра зделка кога го откупил правото на името „Pep Cola“ од еден банкротиран конкурент, за подоцна, во 1903-тата, да го заштити новото име познато до денес.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

7-up

004f8ec36a0892809376fbaa13514403[1]

Овој класичен лимонов напиток, за разлика од другите, не бил измислен од фармацевт. Зад неговата креација, во 1929-тата, стои бизнисменот Чарлс Лејпер Григ. Сепак, и овој пијалок, на почетокот, бил рекламиран пред сé заради неговите здравствени бенефити. Имено, во оригиналниот состав на 7-up имало литиум цитрат, соединение кое и ден-денес се користи како препарат за стабилизирање на расположението. Така, првичното име на пијалокот било далеку подолго од денешното: „Bib-Label Lithiated Lemon-Lime Soda“. Григ го сменил името на својот производ за релативно кратко време, а подоцна, во 1936-тата, го преименувал и својот бизнис – од Howdy Corporation во Seven-Up Company. Уште еден добар потег.

- Реклама -