Светски реномираниот весник Time oвјави листа што се однесува на тоа кој е најпребаруван лик на Гугл, поединечно во секоја земја.
За потребите на анализата се вклучени голем број земји од целиот свет, како и сите до една од Балканот, па и Косово, а само Македонија остана изоставена.
Баш нè интересираше дали и ние како нашите комшии најмногу сме ги гуглале Цеца, Северина и Азис, што не би нè изненадило воопшто, или сме пребарувале политичари од власта и опозицијата, што исто не би го огласиле како ШОКАНТНО или НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА, па останува само да си играме #ЕвеНеЗнам.
Во глобални рамки, Ким Кардашијан и Лионел Меси се двете нејпребарувани популарни личности за 2015 година. Риалити ѕвездата е најбарано лице во земји како Франција, Канада, Австралија и САД, додека Меси, освен во родната Аргентина, е на прво место на листата во Куба, Конго и уште голем број африкански држави.
На трето место за најпопуларно лице на Гугл за 2015 година е Кристијано Роналдо кој го зазема првото место во 21 држава, а поп ѕвездите Ники Минаж и Ријана се со соодветно 13 и 11 први места.
Листата можете детално да ја разгледате на линков.
/Е.Т.