Мигрант немал ни 5 евра во џеб, а потоа на божиќна лотарија добил 400.000 евра

Мигрант по потекло од Сенегал е добитник на наградата од 400.000 евра на шпанската божиќна лотарија во Андалузија каде привремено работел како градинар, а непосредно пред добивката останал пред работа, објавија локалните медиуми.

458523_56931753-620x350

„Не ми се верува, немав ни пет евра во џеб“, вели возбудено 35 годишниот добитник по име Нгаме.

Тој објаснува дека пред осум години пристигнал со сопругата на шпанскиот остров Тенерифе во импровизиран чамец, после што преминал во покраината Алмерија.

„Бевме 65 на чамецот и овде сме благодарение на Шпанците, кои не спасија додека бевме во вода откако доживеавме бродолом“, истакнува среќниот добитник.

Тој привремено работел како градинар, по што останал без работа.

- Реклама -