Катерина Велика е една од оние невообичаени фигури во историјата, чија што политичка моќ често страдала поради многубројните скандали.
Таа има репутација на покровителка на уметноста, литературата и образованието, но исто така е позната по дванаесетте добро документирани љубовни афери, неколкуте вонбрачни деца и по ексцентричните гестови.
Катерина Велика е родена како принцеза Софија-Фредерик-Август фон Анхалт-Цербст на 2 мај, 1729 година во Померанија. Таа потекнува од второстепено германско кнежество и е братучетка на шведските кралеви Густав III и Карл XIII. Катерина Велика е царица на Русија од 1762 година до нејзината смрт во 1796 година.
Сепак ретко кој знаел дека царицата обожава еротски мебел.
Речиси 150 години по смртта на Катерина Велика, на крајот на Втората светска војна, во 1941 година германските војници се соочуваат со една добро скриена тајна соба, додека ја испитуваат палатата, недалеку од Санкт Петербург. Таа е полна со еротска уметност и благо речено непристоен мебел, со изрезбани пениси и вагини.
Наместо да му го конфискуваат мебелот или да ја запалат собата, како што најчесто се случува во слични ситуации, германските војници прават фотогарфии на наодите. Потоа собата сепак е запалена од страна на Германците и еротскиот мебел на Катерина Велика е уништен.
Пред неколку години Французин по име Доминик Роател се зафаќа со тешка задача да го создаде одново еротскиот мебел на Катерина Велика, работејќи според фотографиите направени од страна на Германците.
Поради деталната резба, секој еден од мебелот се правел повеќе од две години за да биде реконструиран.
Соодветно и цените се доста високи – масата може да биде ваша за $ 169 илјади, а столот за $ 369 илјади.