23-годишната Бразилка Андрес Дамиани застрашувачки личи на Елса од „Замрзнатото кралство” на Дизни.
Јужноамериканката е вистинска сензација во родниот град и препознатлива фигура во цел Бразил, откако голем број локални медиуми посветија написи на нејзиниот изглед. Сосема логично, голем удел во славата на Андрес имаат и социјалните мрежи – на каналот на Youtube таа има речиси 700 000 следбеници, а на Instagram повеќе од 100 000.
Дамиани открива дека поголем дел од писмата кои ги добива се од фанови кои и ‘се восхитуваат, но сепак има и такви кои ја навредуваат поради одлуката да личи на кукла.
“Има луѓе кои ми велат дека ме доживуваат одвратно и им е страв кога се разминуваат со мене. Луѓето понекогаш дури бегаат од мене. “
Андрес не зборува само за мешаните чувства кои ги буди кај минувачите, туку и тврди дека спротивно на мислењето на многумина нејзиниот надворешен изглед не е резултат на пластична хирургија. Девојката самоуверено изјавува дека никогаш не се подложила на каква и да е пластична интервенција и единственото вештачко нешто во нејзиниот изглед се сините леќи за очи.
Таа тврди дека и го должи изгледот на уметноста на шминката и најмногу на гените, впрочем, како што раскажува, уште од раното детство луѓето и велеле дека личи на кукла.
Она што е чудно е тоа што таа ужива во имиџот на Барби и е категорична дека нема да се откаже од него, бидејќи истиот прави да се чувствува подобро. Благодарение на вештачкиот изглед таа успеала да ги надмине болната срамежливост и несигурноста, кои ги доживувала уште како дете, а и за време на тинејџерските години.