Пет деца, една жена и четворица мажи се удавиле ноќеска во водите на Егејското Море, обидувајќи се да стигнат до брегот на малиот грчки остров Фармакониси.
Спасувачите успеаа да извадат од потонатиот брод 13 лица, но две лица се уште се водат како исчезнати.
Причините кои довеле до инцидентот се непознати до овој момент, информира претставник на властите.
“Тие беа во водата, кога беа забележани од спасувачкиот брод”, појаснува службеното лице.