Грчкиот парламент усвои резолуција со која ја повикува Владата да го признае постоењето на независна палестинска држава.
Сите парламентарно претставени партии гласале за поддршка на текстот кој повикува државата да “направи потег на соодветните процедури за признавање на палестинска држава и да го поддржи секој дипломатски напор за продолжување на преговорите за мир во регионот “, изјави претседателот на парламентот Никос Вуцис.
Гласањето се одржа за време на специјална седница во присуство на палестинскиот претседател Махмуд Абас.