iPhone неслучајно е најпопуларниот уред меѓу фото-блогерите, како што покажува статистиката на Flickr.
„Врз камерата на смартфонот работат 800 луѓе во Apple“ – ова го соопшти извршниот директор на компанијата Тим Кук пред CBS News.
Тимот предводен од Греам Таунсенд, вклучува инженери, програмери и други специјалисти. Според зборовите на Таунсенд, модулот на камерата во iPhone се состои од над 200 компоненти.
Во лабораторијата на Apple се симулираат различни услови за работа на камерата, вклучувајќи темнина и внатрешно осветлување. Во своите рекламни спотови компанијата го нагласува фактот дека камерата станува подобра со излегувањето на секој нов модел на iPhone.